
Нови 8 заразени во Куманово, целосната забрана за движење за време на викендите почна од синоќа
Полициска контрола па дезинфекција. Ова е првата слика што не пречека во Куманово. Потоа продолживме по празни улици и осамени сокаци. Телевизиските камери ги регистрираа полициските патроли кои кружеа по градот и ги легиртимираа граѓаните и возилата. Градот на чевларската индустрија и град со над 70 илјади жители од вчера вечер изгледа поинаку а во тишината се слушаше дождот и црцорот на птиците.
Пораздвижено беше околу кумановската болница. Граѓаните што имаат итна потреба од медицинска помош смеат да ги напуштат домовите за време на медицинскиот час. Веднаш до болницата е и Центарот зајавно здравје Куманово, од каде секојдневно земаат брисеви за тестирање. Од првиот случај 21 март до денеска има 93 случаи на корона во Куманово и Липково. Последното деноноќие има 8 потврдени. Три пати помаку од вчера. Меѓу нив нема здравствени работници.
За време на полицискиот час работат и дежурни аптеки екипи а земјодлеците кои имаат неодложни активности ќе можат да го обработуваат своето земјиште, но и тие и сите кои имаат итна потреба да излезат до домот, мора да се најават во полиција на бројот 192. Ова го препорача општинскиот штаб. Градоначалникот на Куманово побара да се дозволи маркетите да продаваат и он лајн а владата во текот на денот одобри и го задолжи општинскиот штаб да определи економски оператори од каде ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници.
Градоначалникот Максим Димитриевски повтори дека мерката била доцна најавена од владата, но мора да се почитува и смирува, храна ќе има за сите, но короната ќе ја победиме само заедно и дисциплинирано.
Храна и основни намирници добија 60-тина социјално загрозени семејства во Куманово. Оптшината во соработка со Црвениот крст им доставуваше до нивните домови.
Ноќта во Куманово поминала без значителни прекршувања на забраната за движење која трае до понедленик изутрина, но и преку недела почнува порано од 16 часот. Затоа Владата ги задолжи јавните и државни претпријатија, жителите на Куманово што работтат во други градови да ги ослободува час до час ипол пред почетокот на полицискиот час.
Елена Ивановска Мукоска