Нови 18 случаи со коронавирус, вкупно 219

Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи со коронавирус во земјава и тоа 11 во Скопје, четири во Прилеп, два во Куманово и еден во Тетово, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12 часот изнесува 219 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје (134), Дебар (43) , Куманово (17), Штип (осум), Прилеп (шест), Охрид (три), Велес (три), Кавадарци (два), Тетово (два) и Гостивар (еден).

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ