Нови 175 случаи во Ковид-19 во земјава, Филипче бара казнување на оние кои даваат лажни податоци

975 тестирања и нови 175 заболени со Ковид-19. Ова е Ковид статистиката за последните 24 часа, со што вкупната бројка на забоени во зе мајва се изкачи на 3.538 од кои речиси половината се активни. Инаку во последното деноноќие од коронавирусот починале и пет лица, со што вкупната бројка сега е 169 лица.

Скопје повторно е на врвот на листата со нови 131 сличај и со вкупно 960 активни во моментов. По скопските општини се уште прв е Чаир со вкупно 209 случаи, додека Бутел, Аеродром, Гази Баба, Центар и Карпош имаат меѓу 72 и 76 активни случи. Голем број од овие случи се асимптоматски, поради што Комисијата за заразни болести деновиве, по примерот на другите земји, ќе расправа дали тие ќе се бројат како заболени, иако би се земале предвид при епидемиолошките анкети и одредување самоизолација.

И покрај ваквите бројки минисерот за здравство вели дека состојбата се смирува.

„Состојбата во Штип и тетовско постепено се смирува. Останува Скопје, особено населбата Чаир каде што има најголем број на потврдени случи и за жал епидемиолозите се уште се соочуваат со проблемот со обезбедување на контакти и давање на вистинити податоци“, изјави министерот за здравство Венко Филипче, министер за здравство.

Токму давање неточни податоци на родилка ставени во изолација повеќе медицински лица на ГАК и во приватна болница во Скопје, а денеска поради идентични случаи на недавање на податоци од страна на три родилки на Гинекологијата во Чаир во изолација се ставени 18 вработени.

„За жал и ова се случува. Ќе инсистирам ова да се санкционира. Апсолутно“, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Пред два дена владата пак ја активираше и дополни уредбата со која сите кои ќе ја прекршат самоизолацијата или ќе дадат лажен податок ќе завршат во државен карантин на сопствен трошок, но засега таму се уште не е сместен никој.

Непочитување на мерките од граѓаните пак создаде и нови кластери, вели Филипче. Еден во Охрид со 12 позитивни од семејна веселба со 200 луѓе, како и свадба со 100-на луѓе во Скопје од каде позитивни на корона вирус дома заминале, досега, 14 свадбари.

Зголемениот број на новозаболени го зголеми и број на лица, нивни контакти кои се во изолација. Тоа го зголемени обем на работа на тимовите кои земаат брисеви од овие лица па министерството за здравство побара помош од Армијата. Нејзин воено-медицинскиот пероснал ќе помага во собирање на контролните тестови на лицата во самоизолација, за што на таков начин на терен ќе бидат активирани 3-4 тима.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ