
Нови 13 заразени текстилни работнички по масовниот скрининг
Масовниот скринг на текстилните работнички од конфекцијата која шести ден е затворена покажа 13 новозаразени работнички од три општини Штип, Карбинци и Кочани, во денешниот билтен се евидентираат и две деца на возраст од над една и три години, за кои се уште се истражува дали се поврзани со овој или со друг кластер.
Даден е налог и родителите да се тестираат. Епидемиолозите денеска со апел до родителите. Посочуваат дека симптомите кај децата можат да бидат поблаги, сепак тоа секогаш не е правило, а истите се најчести преносители на вирусот.
Другарувањето на отворен простор мора и треба да има свои ограничувања. Задолжително треба да се избегнува групирањето во групи поголеми од две лица, носењето на заштитна маска е задолжително и на отворено кога не е возможно да се одржи потребната физичка дистанца од 1,5 до 2 метри. Одржувањето на хигиената на рацете и личната хигиена е од клучно значење за заштита од овој вирус, се вели во апелот од Центарот за јавно здравје-Штип.
Штипскиот кризен штаб имаше и состанок по двоцифрената бројка, во којашто 10 се работнички од штипската конфекција.
Сметаат дека измнатите денови се преземаат сите мерки за затварање на кластарот. Се прави масовно тестирање на над 130 работници, а заразата се ширела во погонот во време кога на сила беа поригорозните мерки.
На инфективното се лекуваат 15 лица со средна клиничка слика, во текот на денот инфектолозите ќе одлучат колку од новозарезените ќе бидат хоспитализирани.
Изминатите денови се правеше дезинфекција на улиците, пред конфекциите, а денеска пред угостителските објекти и детските игралишта.
Викторија Димитрова Јованова