Нови 111 случи со Кови-19, 63 се од Скопје

Македонија ја надмина бројката од 3.000 заболени од Ковид-19 од почетоот на пандемијата. Новите 111 регистрирани случи на коронавирус во изминативе 24 часа ја искачија вкупната бројка на 3.025. Од новите 111 со Ковид-19 повеќе од половина се од Скопје, поточно 63 случаи. Потоа следат Штип со 12, Куманово со 11. Кочани денеска брои 9 позитивни случаи и сите се од скринингот спроведен во детска градинка. Во Тетово во изминатите 24-часа се потврдени 8 нови случаи, во Велес и Гостивар по 3, додека Охрид и Крива Паланка имаат по еден.

Денешните бројки се од спроведени 854 тестирања или во проценти изразено 12, 9% од нив се покажало дека имаат Ковид-19. Вкупната бројка на активни случаи во земјава е 1.226.
Со новите 63 случи пак Скопје во моментов има активни 658 случаи. Од нив 23,1% се од Чаир или во бројки 152 случи. По Чаир со најмноги активни случи во Скопје следат општините Бутел со 59, Гази Баба со 58, Аеродром со 53, Центар со 52. Во Карпош има 40 активни случи со коронавирус, додека во Кисела Вода се 29, Арачиново 23. Анализата на бројките покажува за две недели неколкукратно се зголемени бројките во речиси сите скоспки општини. Па така на 24 мај во Чаир имало само 38 активни случаи или 4 пати помалку од денеска. Бутел 13, Гази Баба 39. Аеродром пред две недели има речи двојно помалку случаи од сега, односно 25, додека општина Центар имала дури шест пати помалку, само девет активни случаи. Карпош на 24 мај имал само 7 активни случаи. Во последната недела бројот на активни случаи во Скопје е зголемен за 360.
Денешната статистика брои и две починати лица како последица на Ковид-19 и тоа пациентка од Струга на 53 години и пациент од Прилеп на 80 години. Со тоа бројката на починати е 153. На Инфективната клиника и во болницата „8 Септември“ во изминатото деноноќие хоспитализирани се 23 лица со коронавирус. Тоа е 50% од хоспитализираните во изминатите седум дена – 46. Вкупната бројка на хоспитализирани во моменто во земјава е 168.

Статистиката од почетокот на епидемијата покажува дека најмногу заболени има над 60 години – 20 проценти, потоа следи старосната група меѓу 50 и 59 години, па како трета најбројна група се оние на 30 до 39 години. Најмалку регистрирани со Ковид-19 има кај децата и тинејџерите, поточно до 19 години регистрирани се 313 случаи или околу 11% од вкупната бројка.

Од смртни случаи пак најголем дел се на возраст над 60 години, а од вкупната бројка на починати до вчера, кај секој четврти не се регистрирани други коморбидитети.

Македонија пак споредено со 13 земји од регионот, до вчера, беше на трето место според бројот на новозаразени во изминатата недела, 751 случај, веднаш по Турција и Романија. Земјава пак е прва во регионот по зголемувањето на бројот на активни случаи во една недела, дури 626. За споредба Косово е на второ со 74, па Грција со 60.

На листата пак на „Форбс“ за безбедни региони во пандемијата со Ковид-19 Македонија се најде на 103 место, од 200 земји и региони. Таа е единствената европска држава во последната четвртата група на безбедни земји. Пред неа во третата група се Албанија на 88 место, Босна и Херцеговина на 72, Црна Гора на 42, Грција 34. Најбезбедни според „Форбс“ во пандемијата се Швајцарија, Германија и Израел. Од европските држави како трета по безбедност е Австрија, па следи Норвешка. Најнебезбедни во светот според параметрите за проценка на безбедност се Мали, Руанда и Јужен Судан.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ