
Новата учебна година без крупните најавени реформи
Ова е првото прашање што премиерот Заев им го постави на првачињата од осноцното училиште “Ацо Шопов” од населбата Бутел каде што присуствуваа на првиот училишен ден заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми.
Новата учебна година основците и средношколците ќе ја започнат со коригирани 22 учебника и бесплатни учебници за учениците од прво до трето одделение, но изостануваат крупните реформи најавени од претходната министерка Дескоска и новите закони за основно и средно образование. Средношколците оваа година нема да учат по Кембрич програмата, а во основното останува како и досега. Министерот Адеми на првиот училишен ден нагласи дека работат посветено на овие реформи за Македонија да добие европско образование.
На првиот училишен ден реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот Мицкоски истакна дека оваа влада за 1 и пол година од својот мандат не презела ништо за подобрување на образованието.
Според неофицијалните податоци околу 270 000 ученици ја започнуваат новата учебна година, од кои за прв пат во училишните клупи ќе седнат 20 илјади основци и 16 илјади средношколци.
Јордан Дуков