
Новата генерација приватни специјализанти од јуни ќе добива плата
Приватните специјализанти бараат гаранции за нивното вработување во државните болниците и прашуваат дали ќе има конкурс за вработување, важечки за сите доктори на општа медицина.
„Како да постои сигурност и верба кај приватните специјализанти дека ова ќе се реши преку вработување, кога според досега изнесеното не можеа да се одвојат 26 илјади денари надоместок без придонеси преку договор на дело за 97 доктори, а се нуди решение кое опфаќа вработување на истите тие приватни специјализанти кои ќе имаат бруто плата многу поголема од 26 илјади денари“, кажа Марко Костовски – Приватен специјализант.
На состанок, министерот им понуди две решенија – да примаат месечен надомест од 26 илјади денари, а останатиот дел да бидат вработени во местото на раѓање. Им вети дека 377 илјади и 600 евра ќе бидат обезбедени најдоцна за две недели.
„Ова се специјализанти кои се запишаа на специјализација во февруари месец оваа година. Пресметката за специјализантите ја правевме минатата година во септември, и за таа бројка на специјализанти беше обезбедена сума на пари со коишто нивната работа требаше да се плати, и таа исплата веќе започнува“, кажа Венко Филипче – Министер за здравство.
Специјализантите кои сами си ја плаќаат специјализацијата бараат гаранции за вработувања и во државни болници. Според податоците, фалат 150 доктори во Скопје и над 380 во внатрешноста. Министерот им вети и дека набрзо ќе се распише конкурс за нови вработувања.
Петар Догов