Економија Новата генерација печалбари не ги троши парите во Македонија
Тетово полека се празни печалбарите си заминуваа дома, а со тоа и прометот во трговските и угостителските објекти се намалува. Уште неколку дена велат бизнисмените кога ќе ги нема гастарбајтерите, нашите локали ќе осамнат празни.
Изминативе месец и половина кога биле дојдени печалбарите на годишен одмор во својот роден крај, според нивните проценки прометот им бил зголемен во некои денови и до 50 %. Со тие пари велат ќе ја крпиме останатиот дел од годината.
Економистите истакнуваат дека во зависнот од годината, приливот на пари од печалбарите се движи од 500 милиони до 1,5 милијарда евра. Со прометот кои го прават додека се дојдени дома, се покрива голем дел од трговскиот дефицит.
Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, вели дека загрижува фактот што помладата таканаречена трета генерација на гастарбајтери се помалку ја посетуваат Македонија, и дел од годишниот одмор го поминуваат на друго место. Државата треба со одредени мерки да ги стимулира да доаѓаат во својот роден крај, вели тој.
Според одредени статистики во повеќе рурални општини од полошкиот регион 40 % од населението е на печалба. Ретко кој од нив се одлучува да инвестира во родното место и да се врати да живее.
Политичката нестабилност на државата, бирократските процедури немањето клима за инвестирање, се главните причини поради кои гастарбајтерите одлучуваа своите пари да ги потрошат во дневниот промет, но не и во изградба на фабрика, отворање на угостителски или трговски објект, посочуваат економистите.
Зоран Димовски



