
Новата антикорупциска со помалку членови и повеќе обврски
Новата антикорупциска комисија ќе има помалку членови, но повеќе обврски. Составена од петмина а не седуммина како до сега, кои ќе имаат пет годишен мандат без реизбор. Кој се би можел да биде дел од составот на комисијата Министерството за правда предвидело две алтернативи. Би требало да е со образование од политикчки правни или економски науки, но во втората опција оставила простор и новинари да може да станат дел од комисијата. Најбитно е да истражувале корупција и да не биле пратеници, министри, или партиски функционери.
Новини во предлог законот кој ќе се најде и на јавна дебата има и во надлежностите на ДКСК. Ќе го следат следењето финансирањето на партиите и ќе пријавуваат сомнителни трансфери. Ќе имаат увид и во банкарски сметки без да се наруши банкарската тајна. Анкетни листови до комисијата ќе требада пријавуваат и нотарите и извршителите. Контрола на работата на ДКСК ќе ја вршат ревизорите. Ваквиот предлог закон ќе треба да го одобри и Брисел.
Инаку веќе 6 месеци Антикорупциската не функцинира. Од седуммина петмина си дадоа оставки поради скандалот со трошењето на парите од буџетот, додака двајца одбија да го сторат тоа. Земјава постојано е критикувана од европските институции поради големото ниво на корупција, а дел од последните случаи кои ја тресеа јавноста останаа без реакција на антикорупционерите.
Билјана Николовска