
Новаковски: ДИК да биде составена од експерти
Поранешниот претседател на ДИК Александар Новаковски смета дека е добар како преодно решение предлогот на Заев и Мицкоски околу составот на ова тело. Двајцата лидери се договорија Комисијата да се избере според стариот закон, односно претседателот да го предложи опозицијата, а мнозинството членови да биде од владејачкото мнозинство. Ова би функционирало до крајот на септември кога работните групи на двете партии ќе треба да го усогласат изборното законодаство и ќе воспостават трајно решение кое нема да предизвика негативно влијание врз политичките процеси. ДИК во моментов функционира само со еден член, откако претходно сите си поднесоа оставки.
Но битно е и кои експерти ќе се предложат и дали тие ќе можат да се соочат со сите предизвици.
ДИК се најде на листата на забелешки во Извештајот на Прибе. Во документот се бараше комисијата да биде составена од непартиски членови и да се зголемат нејзините надлежности. Една од клучните промени што би требало да го направи потранспарентен целиот изборен процес е комисијата да има поголема политичка контрола врз пречистувањето на Избирачкиот список.
Јулијана Пешевска