
Нова жртва на корона вирусот, почина 79-годишен маж од Дебар, нови 26 заболени, 9 излечени
Уште еден човек почина од корона вирусот во Македонија, јавува министерството за здравство. Станува збор за пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март.
Денеска се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома, соопштуваат од МЗ.
Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Се уште се во тек анкетите и од МЗ соопштија дека во текот на денот ќе биде испратена состојбата на заболените по градови.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата денеска до 12.00 часот изнесува 285 лица.