Нова Влада – стара реторика

Одговорност и напорна работа на техничката влада во наредните 100 дена очекуваат лидерите на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ Мицкоски и Заев.Опозицијата најавува откривање на скандали за злоупотреба на службената положба.

Поранешниот премиер Зоран Заев е убеден дека сите министри ќе работат одговорно со цел да се организираат и спроведат фер и демократски избори на 12 април.

Социјалдемократите   го обвинија Вмро Дпмне за лицемерие и лажен патриотизам поради потпишувањето изјава како министри на Република Северна Македонија.Неприсуството на двајцата министри Чулев и Мизрахи на приемот кај претседателот Пендаровски,Мицкоски го оправада со фактот што не постоела пракса за тоа, а тие одлучиле да се посветат на екипирање на кабинетите.

Заев апелира Парламентот во текот на месецов да го ратификува протоколот за НАТО.

Двајцата лидери се убедени во победа на предвремените избори на 12 април.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ