
Нова верзија на законот за Јавно обвинителство -владата го повлече предлогот доставен до Собранието
Подготвена е нова верзија на законот за Јавно обвинителство, потврдија за Телма високи партиски извори од владеачкото мнозинство.
Претходно , се распадна планот за усвојување на законот за ЈО, откако ДУИ но и опозиционите партии Алијанса за албанците и Беса ги соопштија своите забелешки, заради кои не може да се усвои долгоочекуваниот закон.
Вечерва до Претседателот на собранието и пратениците пристигна и официјална потврда дека текстот на законот за ЈО се повлекува и се доставува нов, како што се вели, технички корегиран предлог закон за јавното обвинителство по скратена постапка.