
Нова средба на работните групи за идниот статус на СЈО
Премиерот Заев во овие моменти е во Собранието на среба со лидерите на албанските опозициски партии, Села и Касами со цел обезбедување поддршка за новиот Закон за јавно обвинителство и решавањето на статусот на СЈО. На средбата присуствува и министерката за правда, Рената Дескоска. Заев ќе се сретна и со одвоената пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.
Во обид да се постигне согласност нова средба попладнево во Министерството за правда ќе одржат и работните тимови на власта и на опозицијата.
Двете страни иако инсистираат на своите ставови, велат дека разговорите не се пропаднати.
Заев во ТВ дуелот со Мицкоски најави дека ќе прифати се што не подразбира заштита на криминал и е согласно Уставот и законите. На фејсбук, напиша дека СЈО е веќе создаден институционален капацитет и нема потреба да се уништува.
ВМРО-ДПМНЕ до Министерството за правда и до меѓународната заедница доставија 65 амандмани.