
Нова рунда преговори за името во Виена
Во Виена денеска се води новата рунда преговори за спорот за името меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, под покровителство на Нимиц. Во пресрет на преговорите утрово премиерот Зоран Заев рече дека македонската страна продолжува со оптимизот со доверба во креативноста на двајцата министри да се дојде до решение.
Преговорите по рундата во Охрид која се одржа пред две недели се вртатија во Виена, од каде на почетокот на мај ќе се префрлат во Солун. Во периодов се интензивираат средбите Димитров – Коѕијас во обид да се постигне решение до самитот на Европската унија во јуни. По средбата во Солун, за една недела потоа најавена е нова средба во близина на Атина, како претходница на очекуваната средба на двајцата премиерот на Македонија и на Грција во Софија на Самитот за Западниот Балкан на 17 мај.
Сепак и покрај интензивирањето на средбите Заев вчера изјави дека не е можно за две недели да се постигне решение, туку дека пореален датум за тоа би бил Европскиот совет во јуни.
Оваа изјава на Заев уследи откако еврокомесарот Јоханес Хан рече дека очекува прашањето за името да биде решено во идните 15 дена. Изјавата на еврокомесарот предизвика реакција и од Атина од каде му беше порачано да престане да дава погрешна слика за преговорите.
„Го повикуваме комесарот Хан да престане да дава погрешна слика за преговорите кои, како што се покажува, не ги разбира. Најмалку што може да направи е да престане да ги поткопува, соопштуваат од МНР на Грција“, се наведува во соопштението во грчкото МНР.
За изјава на Хан, но и за Заев за роковите до кога би можело да се постигне решение денеска се огласи и ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека се дијаметролно спротивни и оти опозицијата речиси да нема информации до каде е процесот.,Според опозицијата процесот треба да се води многу потранспарентно.
Засега нема информации дали по денешната рунда разговори Димитров – Нимиц – Коѕијас ќе има изјави за медиумите за тоа што е постигнато на средбата.
Тамара Грнчароска