Нова пресуда на Судот во Стразбур против Македонија

Полицијата незаконски земала и чувала ДНК материјал – пресуди Судот во Стразбур. Пресудата се однесува на случај од 2013 година. Две лица застапувани од правници од ХОПС и Коалиција „Маргини“ тогаш поднесоа жалба дека полицијата, четири години претходно во 2009-та им земала примерок од ДНК без нивна согласност и без судска наредба. Причина за ваквото земање на примероци од ДНК било сомнението дека извршиле кривично дело и полицијата сакала да го утврди идентитетот на овие две лица.  Сепак земените примероци на ДНК домашните судови не ги искористиле како доказ. Според застапниците Коалиција „Маргини“ на оштетените им е нарушено правото на заштита на лични податоци и државата треба да ја спроведе пресудата најбрзо што може.

Апелираме, пресудата на ЕСЧП да се почитува и да се споведе во најкус можен рок, пред сé преку донесување на јасна законска рамка за начинот на земање, обработка и чување на ДНК примероци и прекинување на практиката на произолно земање на ДНК примероци и унапредување на третманот кон луѓето кои употребуваат дроги од страна на полицијата, велат од коалицијата „Маргини“.

За само една година , за случаи кои ги застапувале „Колиција Маргини“ Судот на Стразбур донесе две пресуди против Македонија.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ