Нова експозитура на НЛБ Банка во Бутел

НЛБ Банка АД Скопје ја прошири својата Продажна мрежа со уште една локација во општина Бутел. Eкспозитурата ќе го опслужува сегментот население и правни лица нудејќи сеопфатни банкарски услуги. Покрај тоа, експозитурата е опремена и со современа 24-часовна самоуслужна зона каде клиентите самостојно ќе можат да извршуваат најразлични банкарски трансакции: исплата на готовина, уплата на дневен промет, уплата на платежни и бизнис картички, уплата на сопствени сметки, плаќање на режиски трошоци како и припејд надополнување на мобилен телефон.

„Отворајќи ја оваа експозитура би сакале да придонесеме за поголема достапност на финансиските услуги до жителите на Општина Бутел и граѓаните на Скопје, а во насока на понатамошен развој на општината, НЛБ Банка донира 60.000 денари на основното училиште ОУ Панајот Гиновски наменети за уредување на спортските терени”, изјави Претседателот на Управниот одбор Антонио Аргир.

По повод отворањето на новата експозитура, НЛБ Банка ги наградува своите клиенти, и тоа првите сто клиенти во новата експозитура кои ќе аплицираат за НЛБ кредитна или бизнис картичка ќе добијат бесплатна членарина за првата година, а првите сто клиенти кои ќе ја преземат НЛБ мКлик мобилната апликација за физички лица, ќе добијат три месеци бесплатно користење на истата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ