Нов закон за одгледување на канабис со прецизни дефиниции и посторги контролни механизми

Дел од проиводителите на медицински канабис кои неодамна го формираа здружението „Макканабис“  велат дека итно мора да се донесат законски измени кои се подготвуваат бидејќи нивните бизниси во кои инвестирале големи суми се загалавени поради отсуството на можноста за извоз на продуктите.Според нив во постоечкиот закон се наведени многу општи податоци, процедуратра за производство е нејасна и нема дефиниција за медицински и рекреативен канабис и има отсуство на контролни механизми.

Тие наведоа дека поради недореченостите во постоечките законски регулативи за производствот на канабис некои сопственици на лиценци планираат да садат површини на отворен простор.

Од здружението сооопштија дека дел од измените одат на штета на производителите на канабис и мора да се ревидираат а дел се прифатливи.

Според претставниците на „Макканабис“, тие трпат сериозна штета бидејќи постоечките регулативи не се во содејство со оние од Европската унија и поради тоа не може да го извезуваат својот продукт во странство.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ