Нов закон за Академијата за судии и обвинители

Идните судии и обвинители не мораат да имаат просечна оценка над 8 од правните студии за да се запишат на Академијата. Ваквото решение во новиот закон се предлага поради различниот квалитет и невоодначените оценки на големиот број правни факултети во земјата.

Вакви се стратешките препораки на странските експерти, објаснува директорката на Академијата. Од Адвокатската комора го критикуваат решението Министерството за правда да има свој претставник.

Опозицијата забележа дека присуството на министерството во Управниот одбор на Академијата овозможува субјективизам, а власта е уверена во пообјективен избор на кандидати отколку до сега.

По барање на опозицијата, во Комисијата за политички систем се одржа јавна расправа за новиот текст на законот. Иако е со европско знаменце, од Правда изразија подготвеност за потемелна расправа и амандманско усогласување на ставовите.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ