Нов владин состав после 1-ви мај

После скарите и за некого продолжениот викенд за 1-ви мај, македонските граѓани конечно ќе го дознаат новиот владин состав. Викендов завршуваат преговорите со партиите за министерските и директорските позиции, но и за внатрешната владина  рокада.

За влез во Владата преговараат двете крила на Движењето Беса и ДПА на Мендух Тачи. Билал Касами и Африм Гаши веќе изјавија дека ќе бидат  новите владини партнери на Заев, потенцирајќи дека тој сепак ќе мора да се одлучи за еден од нив.

Гаши рече дека ниту на Заев не му оди во прилог, во власта  да влезат двајцата, сосе нивните внатрешни проблеми. Досега само Тачи не се изјасни дали ја гледа ДПА како дел од владата.

Далиборка Демјанска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ