
Богдан Дамјановски за Телма потврди дека е нов сопственик на 1ТВ
Нов сопственик на 1ТВ, која има долг од 400.000 евра е извесен Богдан Дамјановски.
Тој во телефонска изјава за Телма потврди дека го презема водството на Телевизијата.
Поранешниот сопственик на телевизијата, Бојан Јовановски познат како Боки 13 е првоосомничен во корупцискиот скандал „Рекет“, а УЈП вчера најави дка ќе му поднесе и кривична пријава за затајување данок.
Името на Богдан Дамјановски се појавуваше во 2003 година кога како заинтересиран бизнисмен сакаше да го купи ФАС 11 Октомви со канадско-белоруски капитал.
Билјана Николовска