Нов софтвер за јавни набавки

Преку нова платформа наречена Отворени податоци на веб страната на е- набавки ќе се зголеми транспарентноста и отчетноста во процесот на склучување договори за јавни набавки. Отсега за јавноста ке бидат дотапни сите склучени договори, ќе има бесплатен преглед на тендерската докуменатција, евиденција за број на договори по вредност за секоја компанија и за било кој период од годината. Од оваа година сите јавни набавки се прават по електронски пат.

Без објавен оглас досега се склучлени 484 договори и за објавување на ваквите договори обврзани се самите страни потписнички на тој договор.

„Во насока е на отворање на транспарентноста, односно давање можност истражувачките новинари, граѓаните и секој кој што е заинтересиран за јавните набавки сам да може да истражи и да направи анализа базирана на податоците со кои располага Бирото за јавни набавки.најпрво се отворија договорите, од минатиот месец се објавени.Досега над 1.700 договори досега се објавени од страна на договорни органи, а со цел да се има транспарентен пристап на сите до целосната документација за склучувањето на јавната набавка“; изјави Јована Аврамовска од министерство за финансии.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ