Нов случај на дадилка пријавена заради малтретирање на деца

Основното јавно обвинителство ќе спроведе истрага за дадилката која пред два дена беше пријавена во полиција, поради малтретирање на деца.

Од обвинителството соопштија дека во периодот од 1 до 27 ноември, 55-годишната А.К. била ангажирана да чува тригодишни близнаци.

За тоа време ги малтретирала децата, постојано им викала и ги навредувала без причина, но и физички ги напаѓала со удари по главата и кубење на косата. 33-годишната мајка на децата во домот поставила безбедносни камери и при прегледот на видео записот го забележала малтретирањето и однесувањето кон децата, по што поднела кривична пријава.

Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат дека осомничената би можела да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, да влијае врз сведоци чии искази се битни за утврдување на фактичката состојба или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави и предлог за определување мерка притвор.

Ова е втор случај на насилство врз деца за една недела.

Јавноста минатата недела беше потресена од видеото од кое се гледаше како 59-годишна, дадилка на три деца,  во игротеката „Дежа Ву“ го тепа детето кое го чува. И таа е во притвор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ