Нов предлог закон за отпис на долгови

Со нов предлог закон , некоку граѓански организации бараат отпис на долговите за комунални услуги постари од 2014 година. Со ова законско решение велат ќе престане финансискиот прогон на повеќе од 80.000 семејства  кои со години плаќаат виртуелни долгови.

Пратениците во јули жестоко расправаа со невладините организации за сличен закон заеднички предложен од власта и опозицијата. Таквото решение невладините го оценија како дискриминирачко бидејки предвидува отпис на каматите на долговите за кои има правосилна судска одлука или решение за извршување, но не ги опфаќа долговите кон нотарите и извршителите.

Пратениците не отстапуваат од нивниот предлог закон за отпис на каматите со кој треба да се опфатат над 200.000 предмети. Велат дека ќе ја продолжат процедурата за носење на законот и дека ќе прифатат 7 од предложените амандмани на невладините. Новиот предлог закон што здруженијата го доставија во Собранието , ќе го разгледаат но се сомневаат дека може да предизвика незадоволство кај граѓаните кои редовно плаќаат сметки.

Граѓанските здруженија најавија дека од премиерот Заев ќе бараат тој да им препорача на управните одбори на сите јавни претпријатија, да донесат одлука за отпис на каматите на заостанатите долгови а потоа во закон да влезе и отпис на долгови од банкарски кредити земени во 90-тите години.

Виолета З. Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ