Нов клинички во Злокуќани – Владата е подготвена да плати пенали од 5,5 милиони евра?

Темелите на новиот клинички Владата ќе ги удри во Злокуќани. Се погласни се шпекулациите дека вчера паднала одлука објектот да добие нова локација. Министерот Филипче ниту потврди, ниту демантираше. Вели, локацијата е договорена, но официјално ќе ја соопштат утре напладне.

Утре ќе се знае дали Владата ќе го раскине договорот со Банката на Советот на Европа или пак со кредиторот постигнале согласност парите да се пренаменат за клинички на нова локација. Во спротивно, ќе треба да плати високи пенали, односно отштета од 5, 5 милиони евра, а ќе пропаднат и 1,3 милиони евра за проектот што го промовираше поранешната Влада.

Изминатиот период стручната јавност гласно говореше дека старата локација треба да отпадне, и сугерираа комплексот да се гради на периферија. Пред два дена, за клинички во Злокуќани предлог-решение на премиерот Заев му дале и архитектите.

Претходно, извори за Телма брифираа дека владата е пред голема дилема, но и под голем притосок од страна на кредиторот. Се обидела да го раскине договорот, но банката ги предупредила дека тоа ќе значи повлекување на проектите и од други министерства, а во прашање ќе ги доведат и средствата.

Весна Јовановска Дојчиновска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ