Нов 30-дневен притвор за заканувачот Емил Јакимовски

Нови 30 дена притвор доби Емил Јакимовски против кого денеска беше поднесено обвинение за две дела загрозување на сигурноста.

Во првиот случај, станува збор за закани за убиство кои биле испратени на неговата поранешна сопруга и нејзиниот татко, додека во вториот е за закани упатени кон новинарката Мери Јордановска.

Обвинителството не нашло доволно елементи за кривично дело за заканите и навердите кои Јакимовски преку социјалните мрежи ги упатуваше кон новинарката Искра Коровешовска и диркторката на Централниот регистар Марија Бошковска Јанковски.

На барање на обвинителството, направено е психијатриско вештачење, кое покажало дека делата ги извршил во состојба на битно намалена пресметливост.

Јакимовски веќе има една пресуда за семејно насилство. Тој беше приведен минатата недела и му беше одреден осумдневен притвор. Обвинителството бараше да му се продолжи притворот поради опасност од бегство.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ