
Норвешка, преку УНОПС донираше 20 респиратори
Во земјава денеска пристигнаа 20 апарати за кислородна поддршка, донација од Кралството Норвешка, реализирана преку преку Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги – УНОПС.
Дел од апаратите се предадени на ГОБ „8 септември“ од Скопје, а дел, како што рече националниот координатор за странска помош, вице-премиерот Бујар Осамни, ќе бидат распоредени низ останатите болници во земјава со што ќе се зајакнат капацитетите на здравствениот систем во земјава за лекување на пациентите со најтешки симптоми на Ковид 19.
„Во услови на пораст на бројот на заразени и продолжување на пандемијата, подготвувањето на здравствениот систем е од исклучителна важност “ – порача Османи и повика на строго почитување на здравствените протоколи, бидејќи “тоа е единствениот начин за заштитат од можна зараза со Ковид 19“.
Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги – УНОПС претходно учествуваше и во обезбедувањето на дел од донацијата на Европската унија