
Норвешка ја запиша првата победа во Главната фаза, Србија издржа едно полувреме
Норвешка стартуваше со победа во првиот од Главната фаза на Европското ракометно првенство кое се одржува во Хрватска. Актуелниот вицепрвак ја надигра Србија со 32:27 на стартот од мечевите во Групата 1.
На полувремето двете репрезентации заминаа без предност 17:17 иако Норвешка во еден момент имаше водство и од три гола. По првите 10 минути од вториот дел со серија од 7:2, четвртопласираната репрезентација од претходниот контиентален собир го реши мечот и на крајот ја извојува третата победа по ред откако на стартот несреќно загуби од Франција.
Бјорнсен и Сагосен, двајцата со по осум голови ја предводеа Норвешка, додека во во спротивниот табор Шешум и Белјански постигнаа по пет погодоци.