Норвешка информатичка помош за воената академија- Ќе ја направи вашата војска подготвена за 21-от век, смета военото аташе Далтвејт

Информатичка опрема за обука, учење на далечина и за софистицирана употреба во процесот на военото образование денеска беше промовирана во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Опремата е набавена со финансиска помош на кралството Норвешка.

Военото аташе на Норвешка задолжен за Македонија, потполковни Егил Далтвејт, потенцира дека за Норвешка нашата држава е многу важна, но најважно е, рече, што ќе станеме нивни сојузници. Министерката за одбрана Шекеринска пак порача дека Норвешка, кога Северна Македонија ќе стане членка на НАТО ќе биде прв сосед на пленарните состаноци на алијансата каде државите добиваат место по распоредот на абецедата.

потполковник Егил Далтвејт, воено аташе на Кралството Норвешка задолжен за Македонија

– Ова што го правиме ќе ја направи вашата војска подготвена за 21-от век. Бидејќи пола од средствата вложува и вашата држава, овој проект не значи само донација туку заеднички проект на сојузници. Можам да Ве уверам дека Норвешка ќе продолжи, како и во изминатите години, да биде силен партнер на оружените сили на Северна Македнија и ќе продолжиме, како пријатели, да ве поддржуваме во вашите евроатлантски интеграции и со нетрпение очекуваме да работиме со Вас, изјави потполковник Егил Далтвејт, воено аташе на Кралството Норвешка акредитиран во Белград, задолжен и за нашата држава.

На кадетите во Воената академија им порача да ја користат опремата, да бидат критични кон инструкторите и кон себе и секогаш да се стремат кон она што најдобро го можат затоа тие, но и нашата држава тоа го заслужува.

Микро-камера со зголемувач за анализа на елетронски делови

Според полковник Орце Поповски, декан на Воената академија, опремата претставува почеток на нова ера во едукациските, во образовните процеси што ќе ги води во иднина Воената академија. Значи и осовременување, истакна, како и пристап до светското знаење преку оваа најсовремена технологија. Тој изрази надеж дека со оваа опрема Воената академија ќе биде на повисоко ниво, на раминште на воените академии и Универзитети во регионот и во Европа.

Според министерката Шекеринска, проектот и инвестицијата во квалитетот на учење и на работа, им се нуди на младите питомци, затоа што, како што рече, тие ќе бидат оние кои ќе влезат во својата кариера како офицери на НАТО.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ