Нормализиран сообраќајот на Шапка, Ќафасан и на Стража

Нормализиран е сообраќајот на Попова Шапка, на граничниот премин Ќафасан и на Стража.

Како што информираат од ЈП Македонија пат, забраната за сообраќај на овие три релации е укината од 12:00 часот.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места има остатоци од кашаст снег, по интервенција на дежурните служби.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисурите и усеците можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ