НОБ за десет дена двапати била мета на крадци

Компјутерска и интернет опрема се украдени од Националната опера и балет, во 2 провални кражби, што се случиле пред 10 и пред 4 дена. Во првата кражба мета било Сметководството, а во втората –Правната служба. Штетата од кражбите изнесува околу 4000 евра, велат од раководството на НОБ.

Поставени решекти на прозорците во Сметководство и во Правната служба на НОБ, но штетата за која сведочат  и празните бироа, веќе е направена. Од НОБ се сомневаат дека кратците преку помошните скали се качиле на кровот и од таму преку прозорците што ги искршиле, влегле во објектот. Во двете последователни кражби се однесени 3 компјутери, 2 лап топи, 4 машини за сметање, 2 рутера, 1 маус и 1 хард диск со финансиските активности на установата. За него од НОБ се сомневаат дека бил особено важен за крадците.

„Некој можеби го земал за да утврди што се работи овде и што се случува овде, меѓутоа не направил некоја посебна штета затоа што ние на сето тоа имаме бекап , направено. И сите податоци ги чуваме добро“, вели Антонио Биков, раководител на Финансиски сектор во НОБ .

Според Биков, сомнително е што втората кражба се случила веднаш откако најавиле дека ќе стават решетки на прозорците и што обезбедувањето  кое не чуло и не видело ништо за првата кражба, и покрај наредбата да го обезбедува  Сметководството, не постапило така.

„Не биле присутни цело време во Сметководство и затоа се случи пак уште еднаш. Поради тоа веќе се донесени одлуки, казни следат на обезбедувањето, па ќе видиме што понатаму“, вели Биков.

Од НОБ, кражбите ги пријавиле во МВР, но полицијата не ги објави во редовните билтени. Од таму велат дека на интернет страницата објавуваат дел од покарактеристичните дневни настани, а за сите останати пријавени, веднаш соодветно се постапува. Извршени се увиди и СВР Скопје превзема мерки за расчистување на овие случаи, дополнуваат од таму. Кражбите во НОБ се пријавени и во Министерството за култура и се очекува штетата да се надомести преку осигурувањето, велат од установата.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ