НЛБ Банка ќе ја одложи отплатата на кредитите за граѓаните

НЛБ Банка на сите физичките лица ќе им понуди можност за одложување на отплатата на кредитите до 6 месеци заклучно со 30.09.2020, како и рефинансирање на постоечките кредити, одобрување на нови кредити со можност за користење на грејс период или редовна отплата на постоечките кредити, по избор на клиентите.

Ваквата мерка НЛБ Банка ја презема со цел полесно надминување и ублажување на негативните ефекти од кризната ситуација предизвикана од пандемијата на вирусот ковид-19, соопштија од НЛБ.

За правните лица, исто така, ќе бидат понудени неколку опции, кои во зависност од природата на потребата ќе бидат усогласени со секое правно лице поединечно. Можностите за правните лица се: одложување на отплатата на кредитот од 3 до 6 месеци заклучно со 30.09.2020, можност за рефинансирање, како и понуда на нови кредити за ликвидност. Кај клиентите од индустриите кои се затворени или се директно најпогодени од кризата, како и кај микро и малите претпријатија, во најголем број ќе се примени мерката за одложување на отплатата на кредитите.

Во текот на следните неколку дена деталната понудата со конкретните услови ќе биде официјално објавена од страна на Банката, при што истата ќе биде дистрибуирана и комуницирана со сите клиенти преку официјалните канали за комуникација.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ