Ниту СЈО, ниту ОЈО не го гонеле Иванов за аболицијата од 2016

Обвинителството воопшто не истражувало дали  помилувањата на експретседателот Иванов се незаконски. Од таму за Телма одговорија  дека до нив не била поднесена кривична пријава за  аболиција која опфакаше над 50 осомничени од СЈО.

Ден по помилувањата Хелсиншкиот комитет поднесе јавна кривична пријава со која објаснуваше дека Иванов направил злоупотреби

  • Ставот и одлуките за помилување Претседателот ги донел без законски основ со оглед на фактот што член 11 од Законот за помилување на кој тој се повикува, е укинат и не е составен дел на правниот поредок на Република Македонија, велат од Хелсиншки комитет.

Но јавната кривична пријава не допрела до ушите на обвинителите во тоа време. Па не е отворен предмет ниту по допрен глас.

Два дена по помилувањата на 14 април 2016 на прес конференција од СЈО  рекоа дека  анализираат дали Иванов незаконски добил доверливи информации за нивните истраги и предистраги кои се тајни но и дека ги разлгедуваат неговите одлуките дали имаат солидна правна основа и дека беа донесени во законска постапка.

 Што заклучиле СЈО дали аболицијата била законска јавно не објавија. Обвинение за Иванов немаше.

Според професорот Калајџиев смета дека ќе биде тешко да се убеди судот во Стразбур  дека овде не станува збор за класично повлекување на еднаш дадено помилување токму поради тоа што  ниту обивнителството презело нешто ниту судовите и други институции не се прозинеле дека Иванов ја злоупотребил фунцијата и направил незаконско помилување.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ