
Ниту еден лекар не се јавил на огласот на Здравствениот дом во Делчево
Дојде време државата да бара, а да не може да најде лекари за вработување во здравството. Последниот оглас на Здравственит дом во Делчево пропадна, бидејќи на него ниту еден млад лекар не се јавил за вработување во Итната медицинска помош. Директорката на Здравствениот дом, кој ги покрива општините Делчево и Македонска Каменица, Марија Глигоровска вели дека ова ги кочи и обезбедените специјализации за интерно и неврологија.
Во Делчево тимовите во Брзата помош ги водат четворица лекари, а недостатокот се покрива со 12 матични лекари. Ниту еден од нив не сака да направи трансфер во јавното здравство.
Во Малешевско-пијанечкиот регион просечната возраст на специјалистите е 60 години, кои за некоја година треба да заминат во пезнија. Засега добро стои штипската Клиничка болница, каде што има потреба од ортопеди и анестезиолози. Најголема потреба имаат од болничари и хигиеничари. Актот за систематизација, кој не бил направено во 2014 години досега ги кочел да реализираат нови вработувања. Директорот, Ален Ѓеорѓијев вели дека конкурс за вработување ќе имаат наредната година, а 70 лица работат за минимален паричен надоместок.
Низ здравствените установи во Брегалничкиот регион недостигаат лекари специјалисти. Некои со години чекаат интернести, а во помалите општини нема и педијатри. Ова е данокот од иселувањето на лекарите и медицинскиот персонал во Германија и Швајцарија. Истражувањата на невладината „Ини Виница“ покажуваат дека на истокот му недостигаат 190 лекари за да го достигне европскиот просек.
Викторија Димитрова Јованова