Нинџа тајно ги снимал разговорите со бегалците Грујевски и Бошковски

Разговорите на тројца бегалци од правдата се предложени како докази за настаните од 27 ми април. Александар  Василевски Нинџа ги предложи аудио снимките за кои телма дознава дека ги има направено од разговори со Горан Грујевски и Никола Бошковски екс началниците во УБК. Но според изворите на Телма комуникацијата на Нинџа со Грујевски и Бошковски се одвивала во периодот додека тие беа во притвор во Грција откако избегаа од земјава, а тој во бегство од апсењата за крвавиот четврток. 115 ауди разговори вкупно снимал Нинџа, разговарајќи преку апликација за видео комуникација, но го снимал само аудиото. За да има доказ дека разговара со Груевски и Бошковски направил и фотографии од нив, најверојатно со помош на скрин шот. Сите се снимани во периодот од април и мај 2018 та се до одењето на Нинџа во шутка кој сам се предаде после повеќе од половина година бегство. На денешното рочиште од судскиот процес за 27 ми кој е во завршна фаза, како дополнителни докази самиот Василевски ги предложи овие разговори и фотографии.

„Како поткрепа на мојот исказ даден пред судот ги предлагам како докази 115 аудио снимки и 20 фотографии кои ги доставив до обвинителството за организиран криминал уште кога се предадов на 11 јуни 2018. Сега барам обвинителката Вилма Рускоска да ги предаде бидејќи се во обвинителството, а да се преслушаат со исклучување на јавноста“, изјавил Александар Василевски Нинџа – обвинет

Рускоска не беше во судницата а нејзината заменичка Трајчевска рече дека ако ги имал Нинџа можел да ги предложи по поднесувањето на обвинението. Рускоска пак во разговор за Телма, потврдува дека ауди материјалите се од разговори со Грујевски и Бошковски, но не се однесуваат на крвавиот четвток па за тоа и обвинителството не ги предложило за докази.

„Ги слушнав сите, освен негови монолози, од другата страна се слуша само потврдно да, да. Нема ништо конкретно за предметот. За тоа и не ги предложивме„, вели обвинителката Вилма Русковска.   

Овие снимки се предадени во обвинителството уште пред половина година, а сега адвокатите на Василевски не откриваат зошто тој самиот одлучи дури сега на крај да ги предложи.

Инаку според истите извори Нинџа сега  со снимките сака да ја поткрепи веродостојноста на исказот во кој убедуваше дека тој е човек од тајната полиција, донесен од Горан Грујевки и Никола Бошковски. Од друга страна пак тој никогаш не бил вработен во службите, а во неговиот исказ пред судот сведочеше дека токму поради неговите блиски релации со луѓе од УБК вечрета на 27 ми еден час поминал во штабот на ВМРО ДПМНЕ каде како што рече се наоѓал парамилитарен штаб.  Сега судот ќе треба да одлучи дали ќе ги прифати снимкиите ои фотографиите, но се отвора прашањето на каков начин е дојдено до нив и дали тие можат да бидат докази ако се тајно снимани.

 

Билјана Николовска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ