
Нинџа предложи дополнителни докази за „крвавиот четврток“
Обвинетиот Александар Василевски Нинџа на денешното рочиште за „Крвавиот четврток“ како поткрепа на неговиот исказ даден предходно денеска пред судот предложи дополнителни докази кои смета дека треба да бидат изнесени пред судот, но без присуство на јавноста. Како што рече тој „станува збор за 115 аудио снимки и 20 фотографии“. Судијката Добрила Кацарска рече дека советот дополнително ќе се произнесе за овој предлогот. Денешната расправа се одложи за 20 декември поради декласификација на доказите за Митко Чавков кои треба да бидат доставени од МВР.