
Нинџа имал прекар “Самурај“ и ги прислушкувал сите полицајци
Во текот на давањето одбрана обвинетиот во случајот „27 април“, Александар Василевски- Нинџа рече дека освен Нинџа имал и друг прекар ,,Самурај“ и овој прекар му го дал началникот на Петтата управа Горан Грујевски во 2015 година, кој го ангажирал на почетокот на 2015.
Тој имал задача да ги следи луѓето што ќе му ги посочел Грујевски и лично нему да му реферерира. Нинџа имал легитимација од УБК, пиштол марка „магнум“ и радио станица на која можел да ја слуша целата комуникација на сите полицајци низ Македонија.
Тој бил дел од тимот на УБК во одделот за оперативна техника и прикриени операции односно во Петтата управа иако имал завршено само 4 степен средно образование.
Нинџа истакна дека по доаѓањето на Влатко Атанасовски на чело на УБК многу соработувале со Бошкоски. Во кампањата за изборите во 2016 одел на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Бошкоски. По тесната победа бил на прославата на партијата, а потоа откако имало жалби од опозицијата почнале протестите пред ДИК што ги организираше ВМРО-ДПМНЕ. Негова задача, како што рече Нинџа, било да ги надгледувам протестите и да ја известувам службата. На протесите со него доаѓал и Бошковски.
Пред судот Нинџа рече дека додека ДИК заседавал од ВМРО-ДПМНЕ имало насока да се направи сценарио на насилен протест, да се влезе во зградата и да се прекине одлучувањето ако ДИК ги прифати жалбите на опозицијата, но тоа не се случи.
Борис Дамовски, Игор Дурловски, Бетмен и Владо Јовановски тој ги нарече фиктивни водачи на протестите на ’За заедничка Македонија‘, кои биле контролирани од структури на ВМРО-ДПМНЕ, рече Нинџа, еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозува на уставниот поредок и безбедноста.
Посочи дека откако не се составила влада со ДУИ се создаде од ВМРО „За заедничка Македонија“, која имаше фиктивни водачи. Негова задача од УБК, како што додаде, било да ги следи протестите, а со него биле Бошкоски и Дејан Димкоски Боксер.
Пред неколку дека браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои исто тка се обвинети за упадот во Собранието на 27 април 2017 рекоа дека еден од организаторите бил и екс директорот на УБК Владимир Атанасовски, кој веќе е во притвор.
Судењето е во тек.