Нина Ангеловска и Хисен Џемаили нови министри

Новите министри за финансии и без ресор Нина Ангеловска од Групер и пратнеикот Хисен Џемаили дадоа заклетва веднаш откако помина гласањето  64 гласа „за“ и 18 „против“ за Ангеовска и  61 наспроти 21 за Џемаили. Прв им честита премиерот Зоран Заев.

Но во текот на денепната дебата 31 годипната Ангеловска беше почесто споменувана во собраниската Дебата за разлика од Џемаили. Пратениците на ВМРО дпмне сметаат дека нема искуство за да биде на чело на ресорот финансии и го прашуваа премиерот дали другите кандидати не прифатиле па Ангеловска му останала единствен избор но и зошто не слушнале ништо од неа за тоа како планира да се справи со предизвиците. Премеиерот ги повика да и дадат шанса за да покаже резултати.

Опозицијата критикуваше дека еконмијата е во хаос дека нема инвестиции нови фабрики туку задолжувања и стагнација на платите, власта одговри дека буџетот е во добра кондиција дека се рабпти домаќински се градат 500 км патишта, но и денеска како и вчера речиси низ сите говори провејуваше аферата Рекет.

Пратениците од опозицијата и порачаа на Ангеловска да биде министерка што ќе скенира а не рекетира. Премиерот пак им порача дека за ралзика од времето кога вмро дпмне беше на валаст  орано сега лично тој го пријавил случајот.   

Елена Ивановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ