
Нимиц: Разговараме за името на државата и тоа не треба да влијае на идентитетот
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, го укорил посредикот во спорот околу името, Метју Нимиц, за неговите изјави дадено за време на посетата на Скопје. Коѕијас како што е објавено на сајтот на грчкотот МНР синоќа имал долг разговор со Нимиц во кој му укажал дека тој нема право не е надлежен да зборува која е политиката на Атина, ниту пак да ја опишува, и тоа на погрешен начин.
„Врз основа на брифингот кој го добив за разговорите кои ги имал Нимиц во Скопје, јас многу јасно му ставив до знаење дека разговорите можат да се водат единствено врз основа на она што е договорено во Давос. На крајот на краиштата, сите преговори во добра волја се одвиваат врз основа на приближувањата кои се веќе постигнати“, е ставот на Коѕијас кој го објави грчкотот МНР.
Иако во соопштението на грчкото МНР не се наведува на која изјава на медијаторот се однесува реакцијата, Нимиц кој во Скопје рече дека никогаш од Атина не слушнал ништо што би значело негирање на идентитетот на Македонскиот народ.
Зборувајќи за грчкиот сервис на Еуроњуз, посредникот рече дека прашањето за идентитетот е многу важна тема за Македонија. Решавањето на прашањето за името на државата, не треба да влијае на идентитетот на граѓаните, смета Нимиц.
„Мислам дека прашањето за идентитетот на вашиот северен сосед е многу важен за нив. Тие тука бараат решение кое кое нема да го промени или да го повреди нивното чуство за самоопределба. Секоја нација, секој народ има чуство на идентитет и неговата повреда би била тешко прифатена од секого“, вели медијаторот.
Изјавите на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров и посредникот Нимиц по средбата во Скопје, предизвика многу реакции во Грција. Изјавата на Димитров дека нема да има преговори за идентитетот беше употребена и во повикот за утрешниот протест во Атина, од страна на одговорниот за надворешна политика на Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос. И покрај тоа Нимиц верува дека сега е вистинскиот момент за постигнување решение.
Метју Нимиц – Специјален пратеник на Генералниот секретар на ООН за прашањето за името
„Верувам дека постои решение кое ќе биде задоволувачко и за двете држави. Моите предлози, точно е дека предложив 5 можности, исто така велам дека овие 5 не се ексклузивни, страните може да имаат и други идеи. Не се обидувам да ги ограничам страните да не размислуваат за други можности“, вели Нимиц.
За можноста од постигнување решение и затварање на спорот за името, зборуваше и американскиот амбасадор во Атина Џефри Пајат за грчката телевизија Антена. Запрашан дали предвидува затворање на прашањето за името пред НАТО Самитот, Пајат за Антена одговорил дека нема да даде никакво предвидување но смета дека постои јасна можност и таа ја гледа во пораките од Нимиц и од Скопје и од Атина.
Игор Трајков