Нимиц: Оптимист сум за иднината

После денешната речиси 8 -часовна средба помеѓу министрите за надворешни работи Димтров и Коѕијас, под посредништво на Метју Нимиц, медијатор даде кратка изјава:

„Ова е една од серијата средби со цел да го решиме таканаречениот, спор за името. Имавме средби цел ден и тоа беше еден продуктивен состанок, што ме наведува да бидам оптимист за иднината“.

„Додека ние имавме средби, имаше паралелни средби на дипломати и експерти од обете земји, кои работат на некои од помалку контроверзните аспекти од договорот, особено фокусирани на иднината на односите меѓу двете земји. Серијата на средби ќе продолжат во иднина, поставивме еден работен пат, и можам да кажам дека, без навлагање во детали, ги адресиравме тешките прашања, се уште постојат тешки прашања кои треба да се решат, но според моето мислење и долго искуство, постои многу позитивно чувство“.

„И двајцата министри се фокусираат на длогорочните односи, на стабилноста во регионот, на важноста од добри односи помеѓу двете земји и имам надеж дека ќе продолжиме да работиме со овој позитивен пристап“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ