Николовски: Владата уште во Март е информирана дека во Јуни нема да има датум за почеток на преговори

ВМРО-ДПМНЕ смета дека во Октомври, Европската Унија ќе и даде одредници на Македонија, а не датум.

Потпретседателот на партијата, Александар Николовски вечерва во Топ Тема, рече дека владата уште во Март знаела дека во Јуни нема да добие датум за преговори.

Според него, неколку држави членки на ЕУ имаат изработени засебни извештаи за состојбата во Македонија. Во нив, Николовски тврди дека е изработено цело досие за корупцијата во државата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ