
Николовска: Не може да се води амандманската расправа за законот за јазиците
Правните експерти со дилеми околу амандманската расправа за законот за јазици. Тврдат дека ваква ситуација се случува прв пат во нашето законодаство. Толкувањата се различни. Дел од уставните судии кои ги контактиравме велат дека во досегашната пракса немале случај во кој Собранието утврдило дека нема надлежност да одлучува за веќе донесениот закон и за него да постапува Уставниот суд. Законите според нив се сметаат за донесени само кога се објавени во Службен весник.
Судот постапува само по однос на акти кои постојат во правниот поредок а во конкретниот случај тоа не е така затоа што Законот за јазиците не е стапен на сила. Од друга страна пак дел од познавачите на оваа област се децидни дека Собранието во конкретниот случај треба да гласа само за текстот на законот и дека амандманска расправа во трето читање не е дозволена.
Очекувањата се дека во наредниот период ќе продолжат правно политичките игри и надмудрувања а партиите со своите потези ќе стават на знаење дали имаат или не воља да го донесат Законот з аупотреба на јазиците.
Јулијана Пешевска