
Никола Наумовски ќе бара обештетување од државата за направената штета од мечката
Мечка ноќеска го нападна пчеларникот на битолчанецот Никола Наумовски кој се наоѓа покрај патот за Пелистер, на само еден километар од Битола.
Уништени се неколку сандуци со пчели, а Наумовски вели дека мечките посебно во овие месеци се во потрага по храна, па се осмелуваат да слезат дури до населените места, поради намалената фреквенција за време на полицискиот час.
Пчеларот вели дека ќе бара обештетување од државата за направената штета, затоа што ова диво животно е заштитено со закон.