Никола Митревски Кољо сам се предал на полицијата

Никола Митревски Кољо, еден од 34-те осомничените за насилствата на 27 април, вчера попладнето сам се пријавил во полициската станица Кисела Вода, по што бил спроведен во истражниот затвор Шутка, потврдуваат извори за Телма.

Митревски е еден од осомничените кој повеќе месеци беше недостапен за истрагата, и му беше определен притвор во отсуство. Вчера, обвинителството не поднесе обвинение против него, токму поради неговата недостапност.

МВР го бараше со потерница, заедно со уште тројца обвинети за минатогодишните настани во Собранието.

Тој е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста според член 313 од кривичниот законик.

А вчера им беше одреден 30 дневен притвор и на Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност, Горан Ѓошевски, од парламентарното обезбедување, потоа Душко Лазаров и Оливер Поповски од МВР, како и Мумир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ