Никола Митревски – Кољо повикан во СЈО како сведок

Затворската ќелија,Никола Митревски – Кољо претпладнево на речиси два часа ја замени со обвинителската канцеларија. Од притвор од затворот во Шутка со комбе беше донесен во Специјалното јавно обвинителство. Извори за Телма од обвинителството потврдуваат дека е викнат во својство на сведок и тоа за предистражна постапка која до сега не е откриена во јавноста. Но, за што точно и за каков вид на криминал не сакаат да коментираат.

После повеќе од час и половина Кољо беше вратен во Шутка. Инаку тој е во притвор бидејќи е осомничен за насилствоо во Собранието од 27 ми Април. Беше во бегство четири месеци, а на крајот на март сам се пријави во полициска станица по што беше однесен во затвор.

Според обвинението заедно со неговиот пријател Александар Василевски – Нинџа се осомничени дека ги организирале луѓето со фантомки, после повикот од Австрија од братот на Нинџа, кој е обезбедување на екс премиерот Никола Груевски.

Но, претходно постоеја сомневања дека Кољо и Нинџа биле логистика во обидот за бегство на поранешните началници во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски, обвинети во случаите „Тврдина“ и „Таргет“ на СЈО. Но, и оваа информација до сега никој не ја потврди.

Во 2006-та година, Василевски и Митревски добија затворски казни по три години за киднапирање, а на товар им беше ставен и обидот за убиство на Драганчо Стојменов оштетен во случајот познат како  „Детонатор“. Кривичното дело беше преиначено во тешка телесна повреда и тие беа осудени на затворски казни од по 10 месеци за Нинџа, и 6 месеци за Кољо. По ова одлежаа и по една година во затвор за предизвикување општа опасност откако пукале во шестмина. Василевски се уште е во бегство за „Крвавиот четврток“ се бара со потерница.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ