Никој не беше пратен во самоизолација, тврдат вработени од маркетот во Велес каде има заболени од Ковид 19

Вработени во маркетот во Велес каде има заразени од ковид 19 тврдат дека никој до петокот не бил пратен во самоизолација, туку поради скратеното работно време половина од вработените се на одмор. Но уште пред одморот велат дека двете смени се мешале и имале контакт и с осега веќе заболените. Тие сакаа да останат анонимни но тврдат дека во петокот на 17 ти април кога им пристигнале последните резултати на неколкутемина заразени, дел од нив дури биле и на работното место. Кога ја дознале веста веднаш заминале од таму. Според информациите на Телма, од шестемина вработени две работеле на деликатест, една на пекарските производи, една на овошје и зеленчук, а двајца во месарата. Во редакцијата на Телма се јавија и потрошувачи кои ја негираат информацијата дека маркетот бил затворен два дена пред празниците како што тврдеше Државниот санитарен и здравствен инспекторат, и бараат да се спроведе истрага за случајот.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ