
„Никофон“ доби и судски амин за градба на барокната гаража
Неколку кривични пријави и протести на граѓани не успеаа да го поништат планот за градба на осумкатна барокна гаража кај плацот Автомакедонија. Судската пресуда во корист на Никофон, му даде амин на сопственикот Никола Настески да може да почне да гради уште денеска. Ова ги натера Центарци да излезат на протест во одбрана на единствената слободна површина која беше спасена од проектот „Скопје 2014“ на претходната влада.
На протестот дојде и градоначалникот на општина Центар за да им ги каже следните чекори за спречување на градбата.
Сопственикот на “Никофон” ни одговори дека нема ништо спорно околу изградбата на барокната гаража.
“До пред еден месец преговаравме со општината, но сфативме дека води несериозни преговори, со единствена цел одолговлекување на постапката за изградба на катната гаража. Во секој случај, во интерес на станарите и Градот Скопје ние и понатаму сме отворени за сериозни преговори” – тврди сопственикот на “Никофон”, Никола Настески.
За овој случај, поднесени се две кривични пријави во 2015 и една годинава. Обвинителството не ни одговори до која фаза е истрагата и дали е отворен предмет . Градежната дозвола за изградба на барокна гаража е издадена пред пет години.
Теодора Цветковска