Никна гроб пред Јавното обвинителство поради смртта на 4-годишниот Алмир од Куманово

Хумка земја која го симболизира гробот на загинатото 4-годишно дете, алмир Алиу беше „подигнат“ пред самата влезна врата на Државното обвинителство, го направија демонстрантите за да ги потсетат оние внатре дека смртта на детето е убиство, а не сообраќјана нестреќа со смртна последица.

Организаторите на протестот побараа смена на обвинителката од Куманово која го води случајот  и сметаат дека целиот правен систем потфрлил, затоа што не е одземен ниту мерцедесот со кој е удрено и убиено детето.

Му порачаа и на новиот обвинител Љупчо Јовевски дека обвинението од убиство во сообраќајна несреќа е сменето во негово време, а не со потпис на екс обвинителот Зврлевски.

 

Од обвинителството немаше реакција за протестите и никнатиот гроб пред нивни порти. Остануваат на изјавата на државниот обвинител Љупчо Јовевски дадена на пратенички прашања во Собранието, кога тврдеше дека квалификацијата е сменета пред тој да биде назначен и дека сега се води како дело сторено без умисла. Јовески тогаш нагласи дека постпаката ќе утврди што точно се случило.

За смртта на Алмир е обвинет кумановецот Бобан Илиќ, кој прво беше осомничен за убиство во обид, додека потоа квалификацијата е сменета. Неговите блиски тврдеа дека бил нападнат и дека не сакал да удри во детето. Инцидентот се случи во јуни 2016-та година, а судскиот процес ниту година и половина нема судска завршница.

Во меѓувреме делото за кое беше обвинет доживеа преквалификација и веќе не е убситво со умисла, а мерцедесот со кој е извршено делото се најде и на огласник за продажба бидејќи надлежните не го одзеле како доказ.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ