NICS системот на НАТО го координира справувањето со коронавирусот во регионот

Ценатрот за управување со кризи го модификуваше системот за командување со инциденти на НАТО за да ги координира националните институции во справувањето со епидемијата на коронавирусот во земјата. Нексген системот на НАТО за командување со инциденти е воведен во 2019 година и обезбедува брза размена на информации и можност за комуникација меѓу државните институции како и организациите како Црвениот крст и координација на нивните актовности.

НИКС системот е дел од програмата „Наука за мир и безбедост“ на НАТО и нејзиниот проект „Напреден регионален пилот за координација на цивилни вонредни состојби“ во соработка со лабораторијата „Линколн“ на Институтот за технологија во Масачусетс, Директоратот за наука и технологија при Министерството за внатрешни работи на САД и државите Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија и Црна Гора.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ