
Независните синдикати побараа еднакво место на преговарачката маса со власта
Целосна измена на Законот за работни односи кој е во фаза на менување, прецизна бројка на работниците во земјава и прифаќање на независните синдикати се барањата кои ги упатија Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија на својот протестен марш до Владата.
Сите нешта кои беа недостатоци со години наназад, по овој првомајски протест да бидат минато, рече претсдателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев Тодев.
Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија го започна својот првомајски марш со дваесетина возила и скромна бројка на луѓе пред МТВ па се до Владата. На почетокот на маршот неколкумина претставници на здружението „Бојкотирам“ дојдоа да дадат поддршка и да се обратат, но организаторите објаснија дека се работи за синдикален протест на кој не би требало се дадат политички димензии.
Нина Стефанова